турско кафе Mehmet Efendi
 

Печење на кафето

Во процесот на производство на кафето постапката која трае најмногу кратко, но бара одвојување на најголемо внимание, е печење на кафето. Оваа постапка бара преземање на голема одговорност. Бидејќи моменталното невнимание може да доведе до губење на време и пари и да направи трудот на стотици луѓе бесмислен, положен до оваа фаза.

Подложени на високата температура за време на печење зелените зрна на кафе стануваат кафени. Обемот им се зголемува и губат вода. Пред оваа постапка зрната на кафе немаат арома, но при печење им излегуваат на виделина повеќе од 900 видови ароми, скриени во нив.

Различни видови кафе не се пекаат на ист начин. Потребни се знаење, вештини, искуство и долгогодишна мајсторство. Искусен пекар знае како потенцијал, така и границите на печење на одредени видови на кафиња. Само на тој начин може да се подобрат својствата на кафето.

Иако машините за печење на кафе имаат опрема за следење на честички искусните пекари на кафе работат на слух. По некое време зрната на кафе почнуваат да "пеат  песна" заедно со цврчењето, од кое пекар разбираат дека процесот на печење е кон својот крај. Потоа кафето се остава во разладна камера.

Постапката за печење на кафе во компанија Kurukahveci Mehmet Efendi се одвива по исклучително одговорен начин. Во оваа фаза совршенството и перфекционизмот са од суштинска потреба, не се прифаќаат грешки. Специјално дизајнирани машини за печење работат како под инструкциите на диригент на оркестар и на тој начин квалитетот на кафето се зголемува до највисоко ниво.

 
турско кафе